заморен прид.

заморен (прид.)

И веќе го бараше јазолот на своите заморени мисли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нема место за човечки гласови, овде се сместени само нивните тела и заморното дишење на дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само еден ден или само два дена уште, само два дена! Потоа иде победа и спокој ќе се всели во замореното тело. И среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навртоа на чешмата „Студена“ под самата тумба Маргара и ги најдоа „распашани“ сите војводи, одмараат по добриот ручек и заморен ноќешен пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По мене Времето се качува (повеј студен) И ме Осланува. колку сум заморен Колку сум заморен од животот Од летот во висините Од падот во длабините Од врели стрели Шибнати во слабините Та чувствувам како Молкум ме одминува светот И како Отаде Ме носат Годините. присет Воденичен камен. Јачменов леб.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тонејќи во бунарот на своето сеќавање, срцето и се удави во некој пелин, пулсирајќи тивко, нечујно, заморено.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Онака“, се исцибри Петре, веќе заморен од поуките.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Заморно работеше секојдневно, воден од поривот на чувството за богатење, но емоционалните слабости ги влошија односите со ортакот кој го бараше својот дел од долгот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Невидено ја потиснуваа заморната џагорливост и го кршеа клучното мото за успех во сите професии: одржување постојани контакти.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа беше клучната реченица што го обземаше моето заморено мозоче, кое во последно време не правеше ништо друго од аналитично -индуктивно- дедуктивни преиспитувања на настани, личности и меѓучовечки односи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ова беше еден крајно заморен напор којшто конечно ми го донесе својот горчлив резултат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Заморно, работно, разнолико, исполнето со глупости, емоции, страст, љубов кон езерото.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сонував и оваа ноќ. Навистина заморно беше.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)