замрси св.

замрси (св.)

Тоа бранење ќе биде успешно и ќе ги замрси сите планови на пропагандите ако биде задружно и општо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе собирате ли доброволни прилози за мене?“ Ѓаволски им ги замрси конците па квичеа и не можеа да проговорат од збунетост надевајќи се дека сето тоа нема да се заврши зло за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја спушти главата во густата трева и ја замрси во неа својата руса косичка...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И триста конци да одмрсиш ќе те замрси сал еден...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А јас ломотам, ломотам... И кога ќе се зафатиш со зборување може да се случи нишките од основата да ти испопукаат па разбојот ќе ги замрси конците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Не знам зошто имам чудно чувство дека секој ден ми доаѓа судниот ден па се наежувам од уплав и морници ме полазуваат и се замрсувам како долг многу долг и излитен конец јазли полн, а трпение немам да го размрсам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)