занимација ж.

занимација (ж.)

И, барем да ги рашетував тие глупости онака, за себе си, само за занимација; а јас шлап! Право нему в лице!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Втората активна занимација е резервирана за оние што живеат во куќи.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
БОРИС: Не, јас ги расипав да си најдам занимација. (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нирвана уз пиво у кофа Мушката забава и занимација се дели на активна и пасивна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Да се вратиме на пасивната занимација. Таа се состои од редовна посета на твојот омилен паб.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тоа е малку подолготраен процес, што значеше дека во меѓувреме требаше да си најдам паметна занимација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
16 Откако другарка ми со која поминував многу време замина кај дечко ѝ со кој беа разделени некое време, значи се врати во Соседството, единствена занимација освен учењето ми беше сајбер дружењето на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)