запени (св.)
Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ни ја нема гитарата што збрани нѐ држеше дур сестра нѐ натера в сон, а ветерот низ паркчето облеано `ржеше како одврзан, запенет коњ.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Нејзината насмевка запени од белината на забите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од Галичица закорни силен ветер. Витлите пострашно се запенија и зашумија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ниедна шурка млеко да удри, да шумне, да запени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господе боже, колку им се запенети муцките на животните, колку им се уплашени очите!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зошто езерото зјапа во сопственото дно
и се запенува како расен коњ во галоп?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За миг нејасната пајажина, која тукушто се стопи, повторно се запени за да го изолира од свирепоста на неговото дело.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сепак, со следната средба, таа го установува тоа во неговиот запенет поглед. Од што ѝ се гади.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)