запурнина (ж.)
Седам во тремот додека наближува дождот него летните запурнини го навестуваат премалените треви пеплосаните лисја на црешата лепливите мириси на летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Цело поле е некако пристемнето, омарничаво, и сѐ некои дипли, дипли запурнина се наднесуваат над тебе и те притискаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се удирам на ѕидовите, го губам здивот: не се дише од запурнина. Отсекаде капак.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не беше лето и не седев на верандата на стар конак, каде комарците се забиваат во будноста, сркајќи ја слатко запурнината.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Наредните денови ми поминаа во една жизнерадосност поради која пладневните запурнини речиси не ми пречеа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Утринската запурнина насобрана во мали облачиња, навлегува во траповите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)