засипнат (прид.)
И тогај морен нема да шепнам за спомен со засипнат глас, а бурно, ех, бурно ќе викнам: ете нѐ братко, најсреќни нас!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Песот е скоро засипнат да ја оплакува гитарата, нејзиното гаснење.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
2. Од прастаро темна засипната боја Кружи околу тврдините И го пали времето.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ноќ – и сешто ѕвони... Крвта е изменета, Денот е засипнат, Очите трајат...
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ова му е прво залајување. Вистина засипнато, и натанко, како петле кога пропејува, ама лае, се мачи. Имало господ, си велам, белки ќе се раздени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој засипнато го викаше. Старецот ги отвори очите и ја поткрена малку главата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Детето брзо зема камен, но пред да замавне, го сепнува нечиј засипнат глас: - Што правиш тоа, малечок?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Набргу се враќа внучето на Петра и ѝ кажува на Митра со малку засипнат и преплашен глас Бабо Митро, те вика тета Чана долу, во подрумите!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Наместо гласот на деверот, се јави неговата мандолина со засипнати одѕвони, додека синовите ги наведнаа главите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дали почнуваше да кркори? Засипнатиот глас небаре не беше негов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Двајцата лизнуваме по малку парче завој и така почнуваме засипнато да се смееме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Прекина. Воздивна и од неговото засипнато грло тешко се откина зборот „Амин”.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)