затега несв.

затега (несв.)

Кутриот Коле! Го затегам челово и ги гризам усниве.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа се затега, нежно те дави.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Изгубена сум во просторот и времето, а тоа толку безмилосно ита, како јамка ми го затега вратот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)