зацели св.

зацели (св.)

Знаат да зацелеат, како ни една друга животинка а нема да ти се вратат в раце, тие големи самјаци, сè додека се во состојба да направат барем уште еден чекор потаму, а ти оди ако сакаш по нивната крвава ораница со денови, со недели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една од раните Лазорови, онаа со нож убодена, се испоганила од нешто и никако да зацели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе отидеа, секако, тие не чекаа жртвата да им изгние пред очи, а раната од куршум ќе се зацелеше самата од себе за да се исправам, за да станам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Им ги откриваше во душата раните што животот како бесен коњ им ги оставил со копитата, - и со благи зборови, како мелем, им ги зацелуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ќе ѝ држеше епитимија на Смилјанка, како и на другите грешници, отец Иларион гледаше да биде одмерен во сѐ: не постапуваше ни многу љубезно, ни многу благо, за да не сфати грешниот дека гревот не е толку страшна работа, дека тој е нешто невино, игра што може да се повторува; но не постапуваше ни многу строго за да не му ја разрани и онака разранетата душа која согледувајќи го гревот, започна да пати - мачно да зацелува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Раната преку неговиот нос скоро да беше зацелена, и додека ја држеше Брунила за рака, тој почувствува како Европа станува нејасна и како се топи во далечините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе се скрши грнето секој вистински грнчар знае дека е најлесно да направи ново ама и секој знае дека е врвно прашање на грнчарската чест да се залепи скршеното грне, да му се зацелат раните и пак да се направи нова празнина која да се наполни со нови не толку жешки тајни и не толку блеснати соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)