збесне св.
збеснет прид.

збесне (св.)

Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сенката за да ни докаже дека не се возбудила од тажниот палјачо, почна да збеснува, да се собира и да се развлечува како гасеница, да се дуе како балон, да се истанчува како вретено.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со идењето на Ѓупците идеше и некое построение во селото: се случуваше ајван да пукне, копиле да се роди, брат на брата секира да крене, куче да збесни, жена да му го пресече плодникот на мажот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За да не збеснеш сосем, вели. — Терааааај!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку збеснав што се вртам околу себе да грабнам нешто со што ќе го претепам овој дембел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А козите, проклети да бидат, речиси збеснаа таа пролет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја збесна и втората причина што беше наведена во тужбата: дека таа, мајка му, не може сама да се прехрани, а камоли детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Проловите најпосле збеснаа, најпосле !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа, која ќе збесне поради тоа што го правиме и која ќе се сврти против нас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно време како да збесна. Толку многу го налути некое малечко ама остро кученце, што ќе му ја откинеше раката на Саше од што запна да се ослободи од синџирот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тамам го помислувам тоа, еве ти го него, целиот задишан се бувнува во вратата, ги соблекува без да ги одврзе патиките, едната ја фрла на една страна, другата на друга, ја остава отворена вратата од шкафчето за чевли... Збеснувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вашиот сонародник Алал Комби збесна од вашето кажување. Подготвувал цели дефтери против вас.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секогаш кога ќе ме замолеше да ѝ го подадам тоа кожено коланче јас грубо го нарекував каиш. Нели, само за да ја збеснам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ја видоа таа убавина, збесна тој пустината, главниот, ги растргна усните со кисела злобна насмевка, вадејќи ги сите грозни заби нанадвор а очите му светеа како на крволочен ѕвер.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе