збир (м.)

На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја. 155.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Природата беше механички збир или на квалитативни или на квантитативни ствари.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Бојан го сакаше тој збир на миризби, преку кој, му се чинеше, одеднаш ги вдишува сите миризби на одминатото лето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Човечката култура во ниеден случај не смее да се сведе на збир од поединечни култури.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јапонската наклонетост кон посредноста и непотполноста претпоставува хомогена култура која ќе може да чита помеѓу редови, а збирот на стандардни уметнички форми и методи кои се развивале со текот на времето овозможуваат квалитетот да биде точно измерен, што му одговара на едно до детали раслоено општество.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нациите и државите сега претставуваат збир на различни популации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овде повторно имаме збир на дефиниции кои дејствуваат заедно во многу различни димензии. Souffler е сленг за измама.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Дром“ е обична тесна просторија со бар на едната и маси на другата страна, преполна со макрои, тепачи и е чуден збир на таинствени дилери.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тука е и еден збир од митски женски фигури: Амазонки, Нимфи, сибили, шаманки, свештенички и неколку креатури пола жени - пола животни. често направени врз тенки внимателно цепени парчиња хартија, овие откачени и опсесивни дела беа тие коишто први ја создадоа Бојсовата репутација на „визионер во еден разурнат свет“.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иконичките визуелни програмски јазици се Тарот, сликовен збир на сите можности активирани за гатање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова вовлекување што го прави Ренџов во овој ороводен танц на чиј почеток е тој самиот, а ние само го следиме зацртаниот од, шема, се сосема видливите и намерни вклучувања на севкупноста, на совршенството што постои некаде сосема надвор од дофатот на овој разигран збир.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ако светот го замислиме како збир од точки со сѐ порамномерна и поверојатна распределеност, тогаш во светот мораме да ја согледаме и другата тенденција кон создавање на топчиња (кластери).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ете ги, најљубезни браќа, малиот збир на правила, толку неопходни за секој, кој сака со успех да блеска во помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Интерзона е збир на прашливи фрагменти и загубени ракописи кои беа пронајдени во архивите на Ален Гинзберг во 1984 година.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога, меѓутоа, зборува за сјајните постигнувања на подрачјето на формата, експресионистот не мисли на надворешната форма како збир од повеќе или помалку оправдани конвенции, туку на внатрешната форма на својот неприкосновен дух.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Романот Бунар од Димитар Башевски на планот на формата е беспрекорно конструиран, речиси геометриски, како низа од хомологии, од совпадливи ликови и случувања кои се огледуваат едно во друго, и како збир од дихотомии во кој се спротивставени историјата - митското, циклично време; колективното, несвесно - индивидуалното, цивилизациско; машко (Симон) - женско (Агна); вековен семеен судир (Симон и Владе); субјективното (животопис) и објективното (историски документи); бунар - водовод; современост - минато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Хартијата од која градиш брод за внукот можеби е лист од поетска тетратка Или само потсетник, азбучник, а можеби и обичен збир од зборови при обид за песна во која ќе се разјасни случајот со украденото море: “Зошто преку планини го занесоа во непознат крај?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Поимот синдром по дефиниција означува збир на симптоми на една болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби и нашиот живот во крајна линија е збир на сите наши соништа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш во умот постои збир од лоша перцепција за животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе