зготви (св.)
А некој само заради тоа што не зготвиле до саатот што дале теир!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Токо, анџак сме сами сега, и прв ден е по венчањето, кажете што сакате да ви зготва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бабата рече: - Јас го зготвив ручекот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Во негова чест, дедо му синоќа зготви качамак, кој и покрај нивните машки усилби, остана недојаден.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А гледај ги... си сркаат од манџата со ниско наведнати погледи, тие довчерашни домаќинки што знаеја за три села, гозби да зготват и секому в очи да погледнат со гордост.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По две недели ќе биде Свето Благовештение; дотогаш во ливаѓето и оградите ќе стаса зелјето па за да зготват жените за празникот Риба на зелје под вршник, тие, мажите, ќе мораат да отидат на Црна и во Блатото за да изнафатат риби.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Откако ќе се зготвеше месото во казани, им се носеше на војниците на положаите над селото и им се делеше во порции.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Старата чекаше да слушне од него какво варилце да зготви за ручек, а можеше патем да пропере некое алиште или да ја фати метлата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Па ја смируваше пред да излезе, оставајќи ја грижата варилцето да го зготви што почеревишно - небаре како залог дека навистина ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
15. Утредента Филозофот побара од логотетот да му зготви еден мал караван за пат, со најнужни нешта, со еден водич и еден помошник, и ние четири души сѐ на сѐ, не сметајќи ги животните, заминавме на долг пат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знаеше ли Филозофот што му зготви мојата гневна, до срж повредена душа?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
5. Утрината, пред да се зготвам за пат, Филозофот беше повикан пред логотетот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потоа месото го зготвив исто како што ме учеше свекрва ми: со кромид, потоа со повеќе бибер и сол, ловоров лист и конечно чаша бело вино.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Утре јас би сакала да ви зготвам ручек.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)