згусти св.

згусти (св.)

Во темнината, масата се разлеа и го зафати сиот простор, потече и се згусти во теснината на ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го шеташе погледот по рапавините од ѕидот и се задржуваше на аглите каде што се згустуваа сенките..
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле и вовчето зазбива сѐ посилно и посилно, па се вовлече меѓу дрворедите згустени крај шините.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред мене растат згустените бои во недофат.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На југ од Бургас и во Бургас врие од луѓе и коли и сообраќајот по патот кон Созопол, Китен и Мичурин е згустен и на моменти неподвижен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го запрашав какви се и против кого се насочени демонстрациите а тој, наместо одговор, зеде поцврсто да го држи воланот зашто сообраќајот толку многу се згусти што, кога се најдовме пред плоштадот на „Сен Лазар“, движењето стана речиси незамисливо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако се згустило движењето на улиците, поради многубројните автобуси, трамваи, автомобили, парижаните побарале излез од тоа во метрото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лапавицата се згусти и ветрот со брзината на возењето се зголеми и беше многу студен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зарем беше можно толку историја да се насобере, да се згусти и да се истури само за еден ден?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но штом ќе им згусти и за најмала ситница, кому ќе му се поплачат?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Над нив викотници и облак сива прашина. Надојдува и надотекува, се згустува, бучи, баботи, протура и рои толпата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вцрвенети облаци над планините. Полусветлина - распостелува шаренило, кое потемнува и потемнува, ја покрива ливадата, невидливо дотекува, се згустува, натежнува, ја обгрнува котлинката, во сивило ги втопува дрвјата и околината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мракот се згустува. Горе, на Мали Мади, одекнуваат татнежи. Долги, далечни митралески рафали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)