здиплен (прид.)
Во салонот, покрај левиот ѕид, маса покриена со чаршав на која се ставени три леба, подредени еден на друг; две нови шарено водени стомни со вода; чаша со мед; авланка со вино и здиплена шамија.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Мигум почувствува дека паѓа некаде ниско здиплен и тежок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се познава и како биле здиплени.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На одење таа го отвори ковчегот и од него извади шамивче, здиплено и порабено со срма.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Потоа го отвораше бовчалокот на момчето, здиплен во бела свила, а во него свилена кошула, свилена кравата со цветчиња, свилени марамчиња со извезени букви, свилени подризи, чорапи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во подрумчето од дрвениот ковчег што остана зад старците ги побараа пљачките на трите внучиња, испрани и убаво здиплени и како што ги вадеа, ги рашируваа, ги прегледуваа и по истата шарка пак ги диплеа и ги редеа врз големиот сандак на Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дванаесет писма лежеа здиплени под свечената униформа во наткасната до неговата глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Политкомесарот, на крајот од излагањето, од офицерската чанта извади хартија здиплена на четири. Извалкана е и излитена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка му дотурува од ѓумот... а тој срка густо запечен и лут грав, фрла в уста здиплени фелки леб...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)