здружение (ср.)
По неколку години служба во Здружението, му се чинеше дека тапка во место.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Од микрофон глас. ГЛАСОТ: Ние сме од здружението за вампирска заштита.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа е едногласна одлука за Здружението на проматарите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во нашиот град наречен Република Македонија (и кој во себе негува благи тенденции на отцепување од здодевната држава Скопје) веќе подолго време, во смисла на денови, постои една група луѓе (прошарана тука и таму со пар цицачи, аквариумски риби и неколку собни растенија комплет со саксиите) собрана околу тајното здружение во формирање - АРТ ИДИОТ.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Аскетското здружение ‘Кај-грдите-батацѝ ја измисли платоновската идеја. ‘Стварта по себе’ денес е средство за чистење кондури. Светот е дрзок и епилептичен.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ми рече дека за следниот ден закажал средба на универзитетот, пиење кафе во здружението на писателите и интервју за весникот „Милиет“ по повод подготовката за објавување во Истанбул на една од моите книги.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Имало и разни религиозно-пропагандни институции, училишта, здруженија раководени и финансирани од Запад и од балканските држави.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
А ако не можело во нивно име бидејќи такво здружение не постоело, дали можела да го користи името и авторитетот на Афежето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога нештата ќе тргнат удолу, на нашиот човек крива му е Владата, државата, комшиите, родителите, пријателите, колегите, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за спречување на перење пари, Здружението на филателисти од Берово, минимаркетот „Кики комерц“ и автопревозникот „Ц’мба транс“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во песните шумолат умно и страсно
симболите, желни еден за друг
-промискуитет на идеите-
мета-куршумите не се бесмислени
стиховите се тајни емотивни здруженија.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Попладне одеше по куќите и таму ја нудеше својата стока, а благодарејќи на авторитетот што како сиромашен но чесен човек во општината го уживаше татко му, Јаков со своите производи ги снабдуваше и битолските синагоги и некои од еврејските здруженија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
28 ноември 2009 – Здружението на новинарите на Македонија ја информира Меѓународната федерација на новинарите во Брисел за последното флагрантен начин на притисок врз работата на новинарите во земјата и побара поддршка во битката за слобода на новинарскиот израз.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Двајца троми и предвреме остарени полицајци ме прашуваа зошто не излегувам по популарните слаткарници и кафетерии и дали сум можеби член на некои тајни здруженија.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„Зарем го немам сето демократско право да припаѓам на здруженија?“, потајно посакував мојата недружељубива природа навистина да умееше да припаѓа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Збунуваше само одредбата која велеше дека ако синдикатот, односно здружението, престане да дејствува – нивниот имот не може да се подели на членовите!? (чл. 194, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во Централниот регистар; б) се воведоа и изречни одредби во поглед на имотот на синдикатот и на здружението на работодавачите, кој се стекнува по пат на прибирање уписнина и членарина, потоа со купување, подарок или на друг законски начин – без какво било претходно одобрение.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
3. Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)