здружи (св.)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Религиозните пропаганди можат да имаат нешто против здружувањето на македонската интелигенција и народот само од национални причини.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се здружија уште четири од оние што гледаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да ја избегнат смртта, тие се здружуваат со злочинецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше некоја чудна завист, што ги здружуваше уште посилно со тој негов сосед и во тоа немаше ништо навредливо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само, би сакал пред да се здружи со вас, да ви го речам ова: мнозина од вас се подбиваат со него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со трчање се упативме кон „Жандармерискана“, што се наоѓа онаму, на она место каде што патот од селово се здружува со џадето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И поубаво и побезбедно. А и поблизу ќе бидеме. А и со храната ќе се здружиме. Ако не ви чини - бегајте!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Со гредите од паднатите плевни ги потпираа чатиите на куќите, но многу куќи и не издржаа, та многу семејства се здружија заеднички да живеат, да го делат злото и да го молат господа што побргу ова чудо да го запре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ех, вели Цветан Велјаноски, ако ни успее ова со општинава и со училиштево, отпрвин ќе ни служат само нас, ама после, ко ќе ја видат ползата од нив, може ќе се здружат со нас и веселчанци и тројкрстчанци и тополчанци, а може и некои подалечни села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оние што имале по едно воле веќе се здружиле по двајца на запрега и веќе ги преуредиле колите ослободувајќи ги од одвишноста на сплетените ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Јас ќе се здружам со тебе, првпат проговорил Онисифор Мечкојад, можеби навистина првпат по бесењето на селскиот призрак Јаков Иконописец - Една воденица, двајца стопани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)