змијарник (м.)
Подигна Каме клепките, в очи му солза назреа, издиши гради, разниша, почна ко старец да реди: - Стојане, братко, Стојане, не можам веќе да сеам младост по карпи змијарник.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас сум сега во змијарник влезена, што се вели, а вака сама, како што ме гледаш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Никој не се осмели да се доближи до змијарникот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Тебе ти викам! Слушаш - змијарник! Вчера беа од дератизација! Немој да се оддалечуваш од бетонската патека!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)