зулуф м.

зулуф (м.)

Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се наѕираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го обесил пиштолот на клинец и до зулуфите се вљубил.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Животот се собира и се шири, и пак ќе свири под прстите на оној твој куц Циган со зелени зулуфи. Животот тече.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во салата влезе командантот на послугата, во свечена униформа, со лице вкочането од лажните зулуфи, приоѓајќи му на професорот Артур.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се држеше до старата елеганција, со зулуфи и грижливо замастени мустачиња со многу остри врвови...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И немаше... по неколку месеци, Кизо ѝ се придружи на Родне, а сликата од Роска ја подместија подолу зашто на нејзиното место го залепија Кизо, како помлад, со сѐ уште црна коса на која само зулуфите му беа прошарани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ретката бела коса и големите зулуфи го правеа да личи на романтичен поет, а зборуваше многу тивко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)