идиличен (прид.)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас знам дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На некогашната холандска идиличност потсетуваат само овде-онде расфрлените ветерници, кои тромаво ги вртат своите крилја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Заедничката тага на културата што изумира се распрснува во мали единечни таги, во парченца семеен живот, во мириси на стариот мебел, во кревки импресии за мистеријата на индивидуалното, во претопени симболи на изгубената сила, во декадентни блудничења и идилично – сентиментални описи на природата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба. најпрвин ликовите беа нејасни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Поетското битие еднаш разделено од романтичарската трансценденција не може да се врати во архајските и идилични предели, тоа останува растргнато помеѓу двата идеални лика: земјата и небото.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Охридското Езеро, извишено на седумстотини метри надморска височина, во подножјето на планината Галичица, се шири во едно од најидиличните опкружувања на Балканскиот Полуостров.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Беше повеќе игра на посакуваните симболи отколку на текот на реалноста која не беше толку идилична колку што се посакуваше...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Освежувачки, смирувачки ноти во нови утра кои ни вдахнуваат енергија, кои не воздигнуваат и ни даваат сила слободно да се нурнеме во прекрасната, идилична, раскошна светлина и светоста на новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сега доаѓа моментот на враќање, реинкарнација во сопствената идилична хармонија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Неколку дена подоцна, по една претстава во операта „Гарние“, тој доаѓа позади сцената да ја поздрави, да ѝ честита за прекрасниот настап и ја кани да одат на панаѓур на кој се слави празникот „мајски ден“ слично како во Америка, во едно мало, идилично место надвор од Париз. Таа прифаќа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Меѓутоа има многу идилична местоположба во центарот на градот и гледа директно преку главната улица кон течението на Крива Река.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Животот на село беше идиличен. Тука дури како да застанало времето иако селото беше на неколку саати возење од главниот град и цивилизацијата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)