извие св.

извие (св.)

Сонцето се изви над сртот на Беласица, кога бригадата тргна на работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога нивната колона се изви по патот што водеше в град, Мече одеше на чело со освоеното знаме, кое што весело се развеваше над гордите младински глави.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Пеша Милевска се сака со ќатипот! — И пак се изви громко и долго кикотење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој ги корнеше и ги префрлаше тие камчишта на сината месечина, ги заџидаруваше сиот извиен под нивната тежина, ги беспокоеше мртвите во она свое крваво беснило, од онаа страна на разумното, за кое што сепак ниеден од нив не промолви ни зборче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Море напред, семката твоја“, свика војникот и го удри со кундакот, но Делин се изви, напна со сета сила и им се оттргна од рацете.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Девојката се извила со чуден, ни грлен ни носен извик. Се обидела да се искорне од живата стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знам, ти си за мене, со потсмешлива тага се наведнала; веѓите жестоко ѝ се извиле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прозорските рамки се извија. Стаклата на прозорците светнаа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Милост, Боже!“ Копјето удри под откриеното око, се изви и го отфрли човекот во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се извиѓи воден столб. Над него за миг се изви виножито.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Винстон се изви странично и со жесток напад успеа да го забоде рамото меѓу нив двајцата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем ќе го замесеше првиот дел од тестото, ќе го облику­ваше во повеќе кори, кои успеваше да ги извие со вешти потези на рацете.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа стоеше мирно, но за него небаре се изви, занесена во вртушката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не на ледината ќе газат твоите леки нозе, а на ова печално срце, како на подвената ледина, ќе го извиеш ти најубавиот танец, што еден само ќе го знае, еленче мое”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе