излета (св.)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе стасаш ноќе пред таа куќа, очекуваш дека од неа ќе излета рој немили дилјаци со пискање да те поздрават.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Прочуениот човек од гума Август Рицман ќе излета од грло на голем топ и ќе пробие три пламени обрачи. Сјајна, незаборавена точка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Убавиот Месечков зрак заигра по лицето на Славчо, а потоа меко му ги заклопи клепките и излета надвор во тивката летна ноќ...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе излетаме од радост што попладнево ќе ни мине во нив. А красни се и погодни за сѐ.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Колку високо излетала! - зачудено рече Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Наеднаш неколку жени излетаа со стапови и нѐ подбраа налутено: - Кучиња!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ѕвончето ме штрекна. Не продолжив. Излетавме како сачми на вратата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој ден не пукна ниту една пушка, не излета ниту еден авион, не рикна ниту еден топ, не пројде ниту еден тенк и ниту еден генерал не даде заповед за битка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во тој страв, сам од себе, од грлото на жена му излетуваше глас: „Помош! Помош!“ Но во бучавата на брановите ништо не се слушаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Гласот од Профима се претвори во крик, излета надвор, ја грабна секирата и се обиде со неа да ја замолчи Царјанка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Макс Ернст, неможејќи да насллика една слика – ја прераскажува: „ во една земја со боја на „гради на гулаб“, воскликнував кога излетуваа 100.000 гулабици.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Тоа плаче - ќе излета: го шири и го собира мешето и претка со рачињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излетуваш надвор и не знаеш кај беше земјата, кај отиде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Горица само се тегави, приплакува, а мене окото ми игра, ми се качува клепката на чело, ќе ми излета.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)