измачи св.

измачи (св.)

АРСО: Е, оди со здравје, пријателе! Ме измачи ѓаволски селанец!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се нижеа сеќавања: неизмерлив тек. Тече. Навира. Измачува...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
О, како се измачуваа клетите преспанци. Полесно би ја поднесле тие маката, да им ги запали пашата и спепели куќите, отколку да се решат и да смислат што ум да ѝ дадат на момата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пак гинеше во пределите на своето измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овде е сосема јасно, блешти со засилена светлина почетокот на ослободувањето, крајот на измачувањето полно со сомневања, страв и немир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Замореност стоеше на неговото побледнето лице и двајцата сакаа час поскоро да се заврши тоа измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше доста ѓубре, можеби цела недела дедо му не го беше ринел, па доволно се измачи ринејќи го.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Загубата на Караман не можеше да ја преболи. А и сопствениот страв, сопствената немоќ пред ова зло го измачуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакаше да се предаде, не сакаше да падне, па му беше потребен уште цел час измачување и напрегање за да совлада уште триесетина метри низ снегот и да се увери дека сите напори му се залудни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Каде вака се измачи ти вечерва да не видиш? Му направи здравоживо и Трајко, а бегот седна и се загреа на пламенот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден ден, кога се вратив од училиште и дома ја најдов тетка Рајна, почувствував дека веќе не можам да го кријам тоа што ме измачува и ја прашав: - Тетко Рајно, учителката Вера мажена ли е?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Единствената блиска роднина на мајка ми, не знам дали дека живееше толку далеку од нас и дека многу ретко се видувавме, не можев да ја почувствувам многу блиска, ниту да ѝ се доверам за оние работи што ме измачуваа во целото ова време.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се плашев да го прашам, зашто сфаќав дека и тој се измачува поради тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја следам таа сува гранка како се измачува од мозолчето на кората од тврдоста нејна да го истисне цутот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Па затоа и не измачувајте се толку за да пронајдете, да одберете и да купите некој подарок за мајка ви.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Единствено другарката Оливера Срезоска не си дозволи таква слабост, за цело време си остана закопчана, цврста, во редот, во стројот, иако и таа кутрата изгледаше мошне измачена и бледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Него, преку влевање на лажна надеж, со подавање на врбови гранки, божем за да го избават од сигурната пропаст, чупата Перуноска и Владимир Акиноски целиот тој ден го измачуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но случката често и во сонот му се повторуваше и го измачуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ве молам, простете што ве измачивме, - ѝ се обрати на старичката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе