измолкне (св.)
Кога не можат тие да се измолкнат од дома и сами да дојдат, ги водат со себе овде и жените.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакаш ли двете да им се измолкнеме одовде, онака сами, па да удриме едно тарашување низ чаршија, како кога бевме девојчиња?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Двајца наоружани француски војници се измолкнаа од шаторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Никако не можев да се измолкнам. Ќе пукнев за вода...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И јас со пиштење му се откинувам и се измолкнувам надвор. И ноќта пак ќе ја преседам на скали.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Најпосле, ја измолкна свирката од градите, даде знак да се постројат девојките.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Глуждот ми се измолкнува од прстите, потоа телото се подига и јас те гледам оддоле, веќе преземена од ноќта, стануваш дел од неа, исчезнуваш . . . ***
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Откако ниту со орелот (зад најодалечениот облак), ниту со рибата голтната во најдлабоките води) не успеа да му измолкне на принцезиниот поглед, момчето потполно ги заборави и престолот и кралството, а помислата на принцезата го исполнуваше единствено со ужасна тревога.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Дури во последниот миг, пред да влезе, се сети да го извлече змиулчето од џебот; тоа молскавично се измолкна низ тротоарот и се вовлече во ѕидот на куќата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Клепна клепалото, - ќе речеше дедо ми кога ќе го сетеше мирисот на кафето и тогаш брзо-брзо баба ми прва се измолкнуваше од постелата, зашто таков бил редот, а по неа и дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Вкоренети во едно тло, закотвени во едно доба, сместени во времето и просторот, луѓето меѓусебно смогнале сили да ѝ се измолкнат на фаталноста на партикуларизмите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Измолкнувајќи се наслепо од вриежот тој се домолкна до едно парче од масното платно, повлече, чувствувајќи го пленот, а потоа го откина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во постмодерната ситуација во која што доаѓа до губење на авторитети, може да се забележи „своевидна ‘несериозност’ на поединецот“, уште повеќе, може да се зборува за еден механички непетрифициран поединец или за идиосинкратичноста на поединецот („за карактеристиката на поединецот да ѝ се измолкнува на шемата на идеологијата, да ја негира нејзината претстава за неговата пластичност“).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Печатачот в час ја испиша пораката на лентата што се измолкнуваше, исчезнувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но тоа не значи и дека се намалуваат шансите на поединецот да ѝ се измолкне на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На небото ракетата полека му се измолкнуваше на видот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Не постои означено кое ѝ се измолкнува на играта на означувачки упатувања која го сочинува говорот, освен можеби за повторно да падне во неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)