изневери св.

изневери (св.)

После, сите, од Македонците се готови да направат отстапки од своја страна за обединувањето во едно национално цело, но ни еден од следбениците на трите национални пропаганди нема да ја изневери својата пропаганда за да капитулира пред друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Убаво орани, подготвени, нивјето ретко која година да изневерат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Есента изневери, избрза со студот. Во собата нема ќумбе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе зима отколку есен. Изневери. Есента.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие му изневериле на големото и важното што ги покренало.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не ја изневеривме совеста. По некаков случај ние останавме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ги изневери своите другари и себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако ја изневериме, камата да ни се зарие во нашето срце, револверот нека го пробие нашето машко чело! Смрт или слобода!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури и мислата твоја ќе те изневери, ќе те преправи, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка Евгенија нѐ молеше да не кажуваме. Не ја изневеривме. Не кажавме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше повеќе од јасно: козарите не станаа работничка класа. Големите идеали на партијата и градителите на социјализмот беа изневерени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите по многу особини ги изневериле своите диви предци и им се доближиле на луѓето... – Така е! – извика задоволно Чанга. – Но јас мислев на нешто друго!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, сепак, ако не зборува, таа би чувствувала дека „живее во лага“ и се изневерува и себе си и сопругот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лена отсекогаш сметала дека мајка ѝ го „изневерува“ бракот, дека „живее во лага“ и е „неблагодарна“ што ги користи домот и парите на нејзиниот очув, а ја изневерува неговата доверба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ќе го изневерам, многу сум понежна со него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе