изолира (св. и несв.)
Одат на ризик, рече. Гадови, ни рекоа дека сакаат да го изолираат Хироши, да го задржат подалеку од главната истражувачка група.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Фер би било да споменеме дека многу повеќе се работи во првата и третата категорија е многу повеќе распространета, отколку во останатите две, и покрај тоа што не постои доволно систематичен пристап во изучувањето на историјата на преведувањето и повеќето од истражувањата на преведувањето и лингвистиката се изолирани од главниот тек на студиите за преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
heisenbug - (според Хајзенберговото начело на неопределеност) bug што исчезнува или го менува однесувањето, кога сакаш да го откриеш или изолираш; види mandelbug
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во потрага по излез од балканскиот ќорсокак настојуваше првин да изолира, а потем да генерализира, низ парадигматични идеи, едно искуство од империите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мислам, ќе ги претепаш ти хипиците што демонстрираат, ќе ги уапсиш и пацифистите што дезертираат, ќе ги изолираш и битниците што подбуцнуваат - ама што да правиш дома со ќерка ти што завива ко мачка пред парење?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
За миг нејасната пајажина, која тукушто се стопи, повторно се запени за да го изолира од свирепоста на неговото дело.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ружди живее во егзил односно живее со пукнатината низ која истекува неговата другост, онаа кон која решил да пребегне, да се изолира, да опстои во самоизгон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јаничарската фасцинација од бојното поле ќе ја изолира од историската реалност и ќе се спои со германскиот стил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)