изостане (св.)
Бидејќи претставата беше на откриено, беше пристапно за секого, та не изостанаа ни деца од петшест години, ни старци над седумдесет години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А Анѓа со ништо не изостана од Јована. Порасна и јадра како него, и убава како него, и умна како него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Бидејќи имињата изостануваат, ќе Ви кажам засега само дека Централниот комитет го смета неговото премавнување како прва и основна задача на нашата организација.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Но сега Коле е редовен. Не изостанува, зашто мајка му веќе не оди по полето: работи по куќи, а со себе ја води и сестра му.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стигнавме во село Ономлади и сега си правам сметки: од кога немам месечен период, колку време ми изостанува чистењето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можното изостанување на естетската реакција на рекламата се контролира со строги и недвосмислени слогани: „Тоа е убаво“ (This is beautiful!) Но како е со другите емоционални реакции?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Делата што нешто вредат оставаат отисоци на контролирани изостанувања; тоа се системи на значајни празни простори...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Веројатно тоа не ќе биде поопасно отколку што е и изостанувањето на една вечер од Центарот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше обичај да соопштува со тивка гордост, меѓу две повлекувања од лулето, дека во последните четири години не изостанал од Општинскиот центар ниту една вечер.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ било како на големите приеми во Кралска Круна на Корзото, но изостанал само големиот сјај, бидејќи во куќата на Рајна Коцева немаше електрика туку само една обична газиена ламба...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не изостануваше ни Мајкината поговорка. Мајка, за прв пат, покажуваше пожив интерес за историјата на својот народ, за Татковите историски книги, за неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За жал, се чини дека Шарон тоа и го сторил. Помошта се чини не изостанала!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Притоа, попапатно и неосетно, две од овие основи беа направени построги: должината на неоправданото изостанување од работа беше намалена од „три последователни работни дена, или пет работни дена со прекин во текот на една година“ само во „три последователни работни дена, со прекин, во текот на една година“; додека, пак, одредбата за внесување или употреба на алкохол и наркотички средства беше проширена со вклучување и на бидувањето под дејство на алкохол и наркотични средства, како основ за добивање строг отказ без отказен рок (чл. 2 и 4, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„ Зарем и тогаш, кога сите европски земји се здружени при бунтувањето, Македонија инертно изостанува?!“ – помислив.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Брзав да ја завршам апсурдноста на оваа случајна децениска средба во која прашањето „како сте“ сосема природно изостана.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Помеѓу новововедените основи се и следните: а) престанок на работниот однос поради констатирано неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; б) престанок на работниот однос поради одбивање на работникот да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; в) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец; г) одбивање да се јави или д) да заснова работен однос кај работодавец ако е упатен од Заводот за вработување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со новата формулација на овој став изостанаа зборовите на крајот од овој став а со кои се налагаше примена на одредбите од Законот за работни односи и колективните договори кои што соодветно се применуваат со планот за реорганизација.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така е тоа кога ќе ти појде од рака да се дофатиш до ороводецот, посакав да речам! А нејзе тоа ѝ тргна од рака. Ти изостануваш!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)