изрони (св.)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Од неа како претчувство изронуваше неговата судбина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Светлината почнува да се намалува. Пустелијата поцрнува и потонува во мракот од каде што изрони.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Светлината се гаси и сепак потонува во мракот од кај првобитно изрони.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сцената, сосем како што изрони почнува одново да потонува во мрак.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од белината што останува зад сликата, изронува музика на симфониски оркестар...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тука е, шепнува. Сокриени зад огромниот фикус, ја гледаме како уште еднаш заминува...и веќе е на крајот на мермерниот базен: се нурнува, се потпира со рацете на работ, изронува, се извива над водата, се одделува од неа со капки посеани по лицето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во свеста ми изронуваше распоредот на татковите книги, битката на светите книги со делата на сталинизмот во неговата библиотека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Лажливо нишанејќи со темниот поглед, изрони низ носот: - Значи, ти си тој!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Самовилата и вештерката изронија низ носовите: - Бидејќи ни испеавте тажна песна и ние изигравме тажно оро за среќата на умрената полупринцеза Мара Цанцарка, тргнете ваму – таму.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Сѐ што беше зелено на планината пожолте. Се изрони.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се изрони таа и чувствува пустош...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)