имунитет м.

имунитет (м.)

И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако само еден од нив признае а другиот не, тој што признал ќе добие имунитет и ќе биде ослободен а тој што молчел ќе оди во затвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но обајцата ќе бидат во искушение да побараат имунитет и ќе стравуваат дека другиот ќе признае.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Растејќи сред заканата од нуклеарна војна, атентати на саканите лидери, индустриски систем што пропаѓа, огромни национални долгови, религиозни фундаментализми (Христијанско-Еврејско-Исламски) кои фанатично сеат омраза и нетолеранција, стекнати дефициенции на имунитетот и неразбирачко занемарување на екологијата, тие развија здрав скептицизам во врска со колективните решенија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 46
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
12 Границата може да биде и менлива/флуидна, како во случајот на дипломатски имунитет, меѓународни авиони и бродови или - на полично ниво - мобилни домови.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Беше тоа сепак еден вид полициски час кој не го гарантираше дипломатскиот имунитет, било тоа да се случуваше и во условите на медицинскиот државен удар!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А зарем јас не уживав дипломатски имунитет?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овие припадници на богатата класа уживаат во комодитетот на своите удопства, привилегии и имунитети – кои им ги носи професијата, земајќи редовна плата од над 1.200 ЕУР месечно, додека мнозинството македонски работници само може да сонува плата и од 120 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше и апсолутен имунитет против грижата, напорите и караниците, како и бескрајна добредојденост од страна на домаќинот чијашто одушевеност на шеснаесеттото повторување на некоја песна или приказна, беше иста како првата возбуда при слушањето на нова песна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Преголемата употреба на медикаменти одвнатре го слабееше имунитетот на нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)