индиферентен (прид.)
Сосема да ја избрише нејзината присутност во својата свест, да ја направи безначајна, до крај индиферентна. Свесно избегаваше да мисли на неа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Карактерот на механизмот на часовникот, сам по себе го оддалечува фактот на изборот, проткајувајќи го со неутралност, но, во сраснувањето- судирот постои уште една компонента која го спречува секој структурен каприц и ја гарантира диференцијацијата, спецификацијата на редимејд-от, а тоа е индиферентноста. Се работи за авто-селекција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Граѓаните кои живеат во оваа улица резигнирано истакнуваат дека таквата состојба е резултат на индиферентниот однос на ЈП „Комуналец“ кое на овој дел од градот не врши редовно собирање на сметот од индивидуалните станбени згради, а нема поставено ни контејнери.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за сѐ што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така ми велеше Мајка настојувајќи да ја промени мојата навидум религиозна индиферентност, да ме стори повнимателен кон верските чувства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа е состојба на индиферентност кон појавените желби што го загадуваат неговото живеење.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Внесена во мојата балканска сага таа не можеше да остане индиферентна на настаните кои ги следеше преку медиумите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И тогаш неговите вилици го испуштија глушецот со еден вид промислена индиферентност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А стопанот е индиферентен – се прави недоветен. – Должни сте – вели – за четирите изедени парчиња толку и толку.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А стопанот е индиферентен – мавта со рацете над главата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)