иницијален прид.

иницијален (прид.)

Го додавам своето убедување дека и мистичката и естетската проникливост во својата егзистенцијална полнина ќе биде достигната дури во една потполна демократска општествена форма сонувана од многумина утописти и историски спроведувана од одредени прагматисти (барем во иницијален облик).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сакам да кажам дека книгите од Твојата иницијална (прва) авторска фаза оние десетина тома во кои се собирани Твоите есеистички и критички текстови концентрирани врз одделни книжевни феномени или маркантни писателски личности (да не ги заборавам патописите!) главно ги читав како колешка, професорка по компаративна книжевност, теоретичарка на која примарниот (дури и исклучителен) интерес ѝ се посочените топоси или теми што Ти си решил да ги третираш следејќи ги строгите правила на научната методологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми олесна кога ги видов овие две познати книги кои ми беа блиски и по мојата иницијална и постојана професија како професор по француска книжевност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Треба да се надополни изгубеното во иницијалната струка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна дојде до крвави партии, со процеси и жртви Во тие денови, во знак на верност кон мојата иницијална професија француската книжевност, токму во воениот логор на Бањица со себе носев и ја читав книгата на францускиот поет на романтизмот Алфред Де Вињи Служењето и величината на воениот позив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Изгубив надеж дека некој ќе се сети да ме врати на Универзитетот, во мојата иницијална педагошка професија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И покрај тоа што Татко инсистираше да се вратат на иницијалниот проект, односно на потрагата по опасните турцизми во нивните мајчини јазици, тој, сепак, продолжи: Франц Боп, како и Фаик Коница, ги претставуваше јазиците како човечки суштества коишто можат да се следат од раѓањето, преку животот, до смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко до доцна во ноќта патуваше во својата библиотека, обземен од својот дел на обврската да реферира утредента за зборовите кои не ги сметаше апсолутно за опасни, туку како зборови- институции, кој кои на најдобар начин во текот на вековите ја задржале речиси непроменлива својата иницијална конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)