иновација (ж.)
Многутомна антологија на мисли, лексички иновации, тропи и метафори за времето се кријат во неа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во мошне значајниот и во повеќе насоки инструктивен есеј „Еден опит“ со трите поднаслови... „за традицијата и иновациите“, „за откривањето на песната“ и „иднината на поезијата“, Блаже Конески ја сподвижи теоретската размисла за посебностите на индивидуалниот творечки опит кај нас, што може да биде од посебно значење и не само за македонската литературна историографија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Другиот аспект кој ме загрижува е негирањето или недоволното внимание кон смелите експериментирања кои се изведоа во Лондон, посебно оние иновации на границите на уметничките форми и стилови.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа принуда за Ренан ја претставува најголемата срамота на анексијата и нејзината најмачна политичка иновација: „Човекот нема право да оди наоколу и на другите да им ги мери черепите, па потоа да ги фаќа за гуша и да им вели: „Ти си од нашата крв, ти ни припаѓаш!“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Рационалното мислење ќе пронајде технолошки иновации што ќе ги победат гладот, болеста и сиромаштијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ташко Георгиевски, мој е впечаток, мошне впечатливо ги спојува специфичните и субверзивни формални јазички иновации (пореметена синтакса, преплет на гласови, тек на свест...) со она што значи „наш дух, ритам и автентичност“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со појавување на првите иновации во праисторијата- првиот основен Гласовен Закон , односно Законот за отвореност на слоговите, се добиват формите на многу зборови.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Си помислив, зарем покрај толкуте луди забави и другите настани што ги смислија електронските забавувачи за да ни ги приближат благодетите на техничките иновации, сѐ уште постојат пребарувачи и на одживеаните литературни куриозитети?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За време на студиите го започнува својот творечки пат на писател кој ќе внесе бројни иновации во американската и во светската книжевност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Игнорирање на туѓите влијанија и критики, така што нема да се потенцираат сопствените мани, а ќе се зголеми иновацијата за интерпретација на доблестите. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)