интуитивен (прид.)
Впрочем никогаш не се чита директно. Знам дека секогаш се чита од шеми и посредувања, значи ни јас не заповедам мене да ме читаат со некакви пренесувања во интуитивни екстази, но барам да се биде повнимателен при посредувањата, покритичен при преведувањата и при заобиколните контексти кои често се мошне оддалечени од моите. 60 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Тоа ме збунува“, рече Едо. „Тоа е знак“, со замисленост рече интуитивната Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А Мајка и натаму си остануваше со својата природна, чиниш инстинктивна и интуитивна отвореност која Татко, понекогаш, ја сметаше и за наивност, во пресудните времиња за семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имате маестрална меморија на потеклото
(и шизмата ви е промислена!)
инстинктивна, интуитивна, прецизна
недвосмислено втисната во гените
мрестењето е обред на жигосување
стариот се вбризгува во новиот свет
на седумстотини метри
под морската површина, јасно е
- езерото не ви е доволно длабоко
ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Според неговата длабока, интуитивна логика, со која најчесто се спротивставуваше речиси на наследената инерција на фаталноста, настојуваше да открие некаква трајната закономерност, крај силните барабани на дијалектичката патетика на новите времиња, дека токму при падовите на империите, се отвора пандорината кутија на со векови потиснувани страсти, на идеалите на поданиците на Империите, на многубројните народи кои биле потчинети на една власт на чие чело бил императорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но многу брзо сфатив дека и мислата напати е спремна да го поддржи она што ќе се искаже повеќе интуитивно одошто со активна размисла.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Следејќи го својот главно интуитивен систем, јас потоа се интересирав за нивните лица и ставот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И верував на интуитивноста, кардинална појава чија причина за постоењето не можев да ја откријам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Сликата подразбира чин на сензитивна, ментална, емотивна и интуитивна мимаеза (имитација, поддржување).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Женската интуитивност беше безгранична.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Прецизноста да е интуитивна, разумот неизнасилен.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)