инфилтрира св. и несв.

инфилтрира (св. и несв.)

Ја инфилтрираше својата упорна - повеќе од интелигентна или тврдоглава - дисидентност без директна конфронтација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во СОЕ многу порано, отколку воените планери, го увиделе значењето на движењето на отпорот и народноослободителните движења и настојувале со сите можни сили да се инфилтрираат во тие движења и да ги помогнат колку што можат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
МРО во лицето на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и многу други остро ѝ се противставувале на врховистичката политика спрема Македонија воопшто и одделно спрема врховистичкото инфилтрирање и врховистичките подготовки за поттурнување на пожари во одделни околии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нивна единствена задача и цел била да се инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно работење во зацртаниот правец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако го извлечеме најдоброто од лошите работи ќе се инфилтрира причината, ќе сфатиме подобро зошто тоа се случило.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Првите двајца американски офицери што го напуштиле Вашингтон на 10 мај 1943 година и биле испратени во Каиро за да се инфилтрираат во Југославија биле Џорџ Мусулин и Џорџ Вучиниќ, и двајцата, Американци од југословенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По завршувањето на брифирањето, Менсфилд заминал за Дерна во Северна Африка, која била одредена како место за тргнување и за инфилтрирање во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако не друго, групата на Дарко секако ќе се потрудеше да го искористи Александар за да инфилтрира свој човек во Секретаријатот за информации.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)