искористи св.

искористи (св.)

Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И Ѓуро ја искористи оваа положба, ги измажи сите три чупи мали и остана сам со Јошка и бабата Тода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луман го искористи тоа за да си ја сврши работата по која беше дојден кај Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние луѓе гледаа да го искористат кусото време на одморите за да ја заситат малку својата глад, а тој - за да поработи, и тоа се повторуваше секој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Што да правам, како да го надитрам овој волшебник?“ - размислуваше Малчо, сакајќи да ја искористи неговата волшебна сила на најубав начин.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Братучедите го искористија моментот и јурнаа кон него со кренати раце повторувајќи: - Се предаваме! Се предаваме! ...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дека тоа можат да го искористат Италијанците во својата пропаганда?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А и да смогнат, не се нужни, зашто жената не може да ги прифати и искористи: таа во најдобар случај во својот живот може да се оплоди најмногу дваесет пати.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некои работи од сето тоа веројатно ќе можам да искористам во тој мој роман за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Штом е така, - рече баба ми, - ќе можам да ја искористам за правење пинџури ајвар уште есенва, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никој не знаеше до кога ќе трае, но битно беше, колку и да траеше, да се искористи да зајакнат нашите животи, да се префрлат од детството во младоста, од младоста во зрелоста...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, Дишан оди многу подалеку, бидејќи предвидувајќи ги различните субјективни реакции на набљудувачот како соучесник и творец на уметничко дело, тој ја задржува контролата, па дури го искористува самиот набљудувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако ова би требало да претставува непризнавање на празните интелектуални дејности, се сомневаме дека Гринавеј искористил уште една прилика да создаде шокантен филмски материјал.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе