исписка (св.)
Наеднаш локомотивата исписка силно. Возот навлезе в тунел.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Во близината пак исписка овчарчето...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Детето исписка стегнато помеѓу неговите и градите на жената.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Една жена исписка. Другите се закикотија...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Златко исписка, го испушти опашот, а мачката скокна низ отворениот прозорец.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ќе испискаа и некои од луѓето наоколу кога ќе разбереа дека им загинале блиски.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
До пладне сите вагони беа нагнетени и црната глава го исписка знакот за тргнување.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Штом го допре, тој силно исписка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Засвирува неговата гајда, длабоко и примамливо, и само понекогаш ќе исписка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)