истрга св.

истрга (св.)

Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Добро, тогаш ќе ви ги истргам ушите за да пораснете.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа ги истрга гламните од огнот, гаснејќи ги со триење и исправајќи ги во дното на огништето со загореното нагоре, па потоа со машата го запрета огништето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Истргаа еден сноп `рженица, го преврзаа на две за перница и се кутнаа да спијат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во едно тргнување фитиљ да истрга однатре.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Овој го истрга пиштолот и ги истури сите куршуми по Профима.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По неговата површина се нишкаа дрвените предмети од куќата, садови, делови од постелите и сето она што водата истргала од куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, мене, ќе ми се сожали, некако, за човекот, ќе ми падне грев, којзнае и нему како му е, пак ќе си речам, и ќе се истргам од класината зад амбарот. Ќе излезам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не така, вели Григор, туку фати го за уши и тргни му ја, нагоре, главата. Истргај му го вратот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И земам го растурам разбојот. Имав еден ложник клаено за ткаење ама одам ја кинам основата, ги истргувам повраталките, го вадам кросното, фрлам, чкрипци, ништи, малки и брдила, ги урнувам демите, ги клоцам подношките, сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што не стори татенцето да дојде до сликовницата, што не истрга од појасот, речиси сета трговија ни ја опљачка, но до сексот никако не успеваше да стигне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми се истрга и го удрив по уста. Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Букавичи, му се гледаат забите, истргани од непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И некое време ми ја истргаа Оливера Поточка. Ми ја откинаа некако од раце и почнаа да ја влечкаат преку шините од пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бев вчудоневиден. На портата стоеше еден поп, со левата рака како истргана наназад.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Уште раното Јован почна да копа. Првин ги истрга оние неколку сиви камени плочи кои беа речиси набиени во земјата, ништо посебно повисочко, исплетени со корења од трева и капини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Земи кофа, кога ќе ја наполниш, јас ќе ја истргам нагоре“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По некое време викна: „Тргај ја кофата!“ Ја истргав и ја фрлив земјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе