исчуди (св.)
Но авторот доживеа и неочекувано изненадување коешто не му даде време доволно да се исчудува со руинираниот изглед на куќата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо, пикајќи ги парите во џебот, рече: „Ќе влезам малку во гаражата.“ „По куферчето и палтото?“, рече Ратко кој пред да затвори го забележа и се исчудуваше зошто се тука тоа куферче и тоа палто оставени во гаражата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Рече дека ставила две лажички кафе, преполнети, па затоа се исчудуваше како тоа кафето што го сваривме да се стрефи толку тенко.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Е, зар бива така?“ се исчуди ибн Пајко, со едно светло зраче што му заблеска околу усните.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Отпадоци, догорчиња, исчудувања, ни го гнасат лицето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Повеќе како тих шепот на недоумица, исчудување па дури и сожалување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)