кадра (ж.)
По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тие се слепи за златестата боја на нејзините кадри.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Прости заради детето, ќе рече. Заради неговите пламени кадри.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Некој Јанко, речиси - во оган вивнува, по кадрите на некоја Вера заљубено воздивнува: - Презрели ѕвезди со дланка барам. Меѓу сите Вери ти си најкадравата Вера!
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Зашто и на Кобе и над Пешта, и над сите градови на светот оџаците есенски чадат, зашто сите деца во ова утро спијат за олимпијада - и Јан од Братислава, и Фернандо од Мадрид, и оние од Египет и Алжир со ќебе врз густите кадри.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Меѓу нив го барав изгаснатото злато на меките кадри.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби по линијата на ридот мина мал облак или кадра на зимска магла што до овој ден се притајувала во некоја камена пукнатина колку за да се прости само од некој свој заложник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоеше до оградата на палубата, се држеше со една рака за неа, а другата ја беше спротнал помеѓу русите кадри на малечката Аксја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Испуштив да речам дека со едната рака најнапред помина низ кадрите на Виктор, можеби за да му ја изрази и овојпат својата наклонетост, а потоа се сосредоточи на нашите чаши.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)