календар м.

календар (м.)

Најди де в календар име Стојанка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско  легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега гледаше во календарчето и мислеше на една шега на стрико Дуко: „Зарем е потребно да се знае секогаш кој ден е; зарем не може да не се погоди, да се згреши за неколку дена, чудо големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашиот календар не врви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам: куќичка, лозје, во преден план лозница со натежнати гроздови... во заден план жолта корија... најобичен септемвриски пејзаж, од најобичен календар - со дванаесет месеци, за секој месец соодветен пејзаж...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Умирањата и раѓањата го сочинуваа календарот на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лежам така на каучот, календарот вели дека е крај на февруари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега гледа дека календарот е отворен на февруари следната година, кадешто графиката детално прикажува еден вртлог.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓу вообичаените египетски симболи што се употребувале како детерминативи спаѓаат следниве: сонце, бог на сонцето, ден, месечина на небо, казлендарски месец, ѕвезда, час, време за молитва, планина, град, паланка, гледање, молитва, обожување, пофалба, плачење, тага. Кралски имиња Прикажани се две египетски кралски имиња, напишани со хиероглифи, што означуваат (а) кралски божји имиња и (б) кралски лични имиња.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секоја година православен календар ви давам, апчиња една торба, молби за Социјалното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби затоа ние со Уртето тие календарите за кусо време ги распродадовме и се најдовме со полни џебови пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој зимата, на Водици, нѐ викна мене и Уртето и ни даде по една дебела свивка календари со слика во боја на бугарското царче Симеон. Убава таа сликата на тоа царчето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сонувачот, след чудните механизми на сонот, чувствува како го облева задоволство.  Макс Мертен фрла поглед на календарот и констатира дека е 13 октомври 1942, па помислува дали баксузниот датум е добар за ефикасно отплеткување на крупниот јазол, пред три месеци врзан околу вратот на еврејската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ѕидиштата се облепени со плакати и календари.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зарем не е ова основа на сите науки: - астрономија и астрологија, - метеорологија, - геометрија и аритметика, - броење на времето, - одминување на времето- историја- календар - предскажување на времето- од иднината- визија- календар ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе