карван (м.)
Голема бура беснеела во пустињата. Еден бедуин се одкинал од карванот и залутал, го изгубил патот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Два дена и две ноќи не можел да најде никаква следа од својот карван.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На лединката немаше повеќе никој, но тој така занесено гледаше низ гранките, како да стоеја таму бескрајни карвани, што ги носеа сите богатства на светот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги подаваат, две по две, рацете, се заобиколуваат со нозете. ,Кротко терајте карванот", пеам, а жените се вртат, замавнуваат со колковите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш, по еден сушен Петровден, удриле со голи сабји на карван што се враќал со сребро од Кратово.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тој бој загинал дедо му на Првославец и паднале жртви десетина од карванот, маскари и борци на тогашниот скопски бег Муследин.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нејсе! Како што се ширеше мојата работа, така беа се почести моите патувања, во почетокот со карваните, а подоцна за тоа имав свои луѓе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Освен со оружје, што била главна работа, неговите карвани натоварени со прехранбени, пред сѐ сточарски производи, оделе заедно со турските војски, со коморите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неколкупати ги помирисав листовите, божем ќе ја осетам аромата на времето, еден цел век на Маказар, исполнет со присуството на добродетелството на Никола Поцо, со неговите карвани коњи и камили, стадата овци, балите волна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Откако го испразни карванот, домарот помагајќи му во носењето на ногалките, а тој преместувајќи ги летвите час на рамо а час под мишка, Гого го праша дали може да слика на чардакот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа, по стрмната а крупна калдрма, слезе до манастирската порта, го најде вратничето во неа затворено само однатре, го пречекори прагот и почна да го растовара својот карван.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа го задуши крикот и не појде кај Турците да им ја каже веста, туку веднаш се упати пешки кон градот, да го бара Марин Крусиќ, ако тој не е некаде со карванот по своите прелажни патишта.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Јас сум Марин Крусиќ, утре одам со карванот за Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во стари години Влавот со сирење и кашкавал ја хранел Европа. Нашите карвани одеа до Белград, до Будапешт, до Букурешт и до Виена.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)