катиљ (м.)
ТОМЧЕ: А мојот татко, поарно да го немам! Катил, намќор! Човек без душа, без срце!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ќе му го донесам јас умот на тој катил...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Човек катил, како од змија роден.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кон ужина пристигна и засилувањето на Бахтијара и со него Велиага од Маково со своите катили, кој од „Бучкур" почна да му вика на Толевиот четник и другар Петка Кормакот од Маково: — Предај се Петко, брееееееј!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но и покрај тие „честења" катилот си остана катил.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За првпат ја слушна историјата на овој сиромашки изедник и се воодушеви со храброста на Катил Ѓорѓи и Спиро Црне, кои го отепаа Сулимана во Србиново на чешмата Виорино. За првпат крена рака на Турчин.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Катил живот, катил до век...“ го вади пагурот, отпива, им го подава ним.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зашто катилите можат да се вратат и да изгорат некоја куќа, јали наша јали турска, па и за тоа ние да одеваме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како да заврши,тој требаше да има некого кој му има бидено голем душман, некој катиљ човек.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мурат ага, катилот? си рече тој. И само со еден гаваз?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но Климент Камилски иронично надополни: Но, сепак, мој пријателе, во толкуте илјади зборови, се провлекле и катиљ катиљ пораки, кои некогаш сееле страв и трепет, а останале и натаму во нашите јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)