качулка (ж.)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога санката застанува, Надењка фрла поглед на ридот по кој штотуку се спуштивме, потоа долго ме гледа в лице, се вслушува во мојот глас, рамнодушен и бестрастен, и целата, буквално целата, таа, па дури и нејзината манжетна и нејзината качулка, целата нејзина фигура изразува крајна недоумица.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Темната качулка му го криеше лицето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А, Рада, го „забележа“ сплаварот со качулката како со празниот сплав се враќа губејќи се во маглата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)