кикотлив (прид.)
Се сети на кикотливата русалка со топли бутини и се покаја што влезе во црната авантура.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Змија, се наведнал над покојникот Симон Наконтик, кикотливо старче; заради боцкавата муцка бил налик на видовникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Продолжувам да читам: „12 елеци; 8 панталони; 2 шала; 4 пешкири; 9 рала гаќи...“ - Машки или женски? - праша некој и водот удри во долга кикотлива смеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)