кир (ж.)

На пладне се редиме на казанот: си го гледаме тилот и кирта на јаките, мрдањето на ушите и вилиците што џвакаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Погледни ја оваа нечистотија по целото твое тело. Погледни ја кирта меѓу прстите на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стави ме во цвеќиња, пак ќе фатам кир под ноктите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Под ноктите ѝ влегуваше кирта од кожата, ама јадеж не ѝ се јавуваше. Како да чешаше туѓа глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)