клацка (несв.)
- Една мајка и едно дете седеа на една долга штица што се клацклаше... - На игралиштето ли? - Да.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Само момент, веднаш се враќам” - конечно вели, ги навлекува папучите и се клацка кон кујната.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Рене му пријде на еден таков, го погледна: вештачки отвор однапред, грб уморен од лежење, помеѓу тоа малку изгниено месо; му честиташе на успешното лекување и го гледаше како заминува клацкајќи се.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Епизодистот, веќе замислувајќи се како примадон, само задоволно се смешка, додека со прстите од едната ја држи цигарата да го догори до нокти, а со другата рака благо ја клацка чашката мастика.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се спуштавме по таа страна на Галичица како одврзано летало, клацкајќи се на свиоците како балоните во багажникот, а кога слеговме на Преспа не продолживме кон Отешево туку свртивме кон Стење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас бев многу малечка и си играв во песокот со Сандра или понекогаш се клацкавме на најниската клацкалка и си правевме „плескавици“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)