кликне (св.)
Да кликнам песна би сакал силна, песната стара за тебе дар, како си Јане Родина бранел со каква гордост љубов и жар!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ги стасав и појдов со нив. Ненадејно, без врска и потреба, Пенчо гласно кликна: - Земај сѐ што можеш!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
И откако ќе ги надуе образите и откако ќе ја оддели устата од устинката на стомнето ќе кликне: - Овие не пуштаат душа, а камо ли вода!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кликнува во тебе, се отвораат твоите слабости гради и од нив кон небото излетува чудесна птица, со златни перје.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Децата како под команда застанаа. - Доаѓа! - кликнаа децата како птици.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Тате, дојди да нѐ гледаш, март е!“ кликна Мег.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Токму така! – кликна – Прекрасно, виде!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Треба да се сочека и
да се долови „мигот“
глетката, богот на светлината
драмата на преобразбата
душата на ситниците
магијата на битието...
Токму тогаш
кога ќе го дочекаш
него
кликни
- среќата
прости - уметноста
е
во повременото
нарушување на
несовршеното!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)