клукне (св.)
Подзастана малку. Ја завлече едната рака длабоко во џеб и чудно ја издолжи главата; можеше да ме клукне.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Да не ве лаже умот да чините абер во Маково оти змија лута ќе ве клукне!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само повремено, од црницата на Надежда капнуваше по некоја црница, бела ашлама, и кокошка веднаш се вдаваше и ја клукнуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Гусакот направи последен очајнички обид да ѝ се придружи на групата, но беше најгрубо одбиен со силна врева и неколку болни клукнувања.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)