кодоши (несв.)
Се собрал народ да се збогува со мудурот, а тој им ветува дека пак ќе се врати, но да гледаат да не се караат и кодошат еден со друг.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа гледајте вие да не кодошите еден со друг, живејте како браќа, да не плаќате после борчоите кога ќе се вратит Османлијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кадијата не кодоши што си бараме и браниме своите права од султановите прадедовци – за сите одговори поп Димитрија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Беа мрачни времиња. Секој секого кодошеше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Секаде се еден до друг, од прво до четврто, па и во петто не се разделија... милата Јана, никогаш за ништо не го накодоши - како што знаат да кодошат девојчињата - секогаш сакаше да му даде и гумичка, и молив, и боички, и острилка, му даваше без да побара, не им требаа зборови - со поглед се разбираа...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Време на клетви, кодошења и измами. Време на колнења, на чекање.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја пратија во нашата единица тие од таму за да ги кодоши момчињата, дека ѝ барале, дека сакале да ја имаат, дека ѝ предлагале.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Децата, фала богу, беа здрави, па Маре се вработи како чистачка, а тие се чуваа сами, поголемото го чува помалото, а најмалото внимава на најголемото, па го кодоши кога мама ќе се врати од работа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И така едни потслушуваа, други поткажуваа и кодошеа, трети сослушуваа, четврти казнуваа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Глеј, бре, тревата се раззелени, цвеќето расцути, лисјето треперат, ластовичките летаат, билбилот се растури од пеење, потоците се наполнија вода, пчелите се разиграа во устите на цвеќињата, ментата мириса, а ти само - другар политкомесар тој и тој рече вака и вака, кодошиш, плукаш, се фалиш лево и десно демек непријателот го уништивме, му убивме и му ранивме толку и толку, а наши како да нема...како, бре, нема?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко не сакаше да го наведува својот пријател да ги отвора длабоките рани во душата од кодошкото време на Голи Оток, но тоа беше за него и еден вид исцелување на големата болка пред верниот пријател во животот: Во животот засекогаш се уверив од искуството на Голи Оток дека нема поголем човеков грев од кодошењето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко замислено го слушаше Камилски, загрижен зашто не можеше да понуди решение, но сепак се огласи: Кодошењето било и опстанало во сите времиња на човековиот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако Камилски го запозна Татко во Државниот архив, тој си најде мелем за ранетата душа во тие години на недоверба, сомневања, денунции, кодошења од секако вид, од кои од една и му ја изгоре душата, завршувајќи во Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)