козметика (ж.)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Никогаш порано не беше видел или замислил жена од Партијата со козметика врз лицето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаме време, никаде не ни се брза, ќе си ги читаме и Пецко, и модата, и козметиката“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
КРИСТИНА: Имам закажано кај фризерката, козметика и депилација.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Бев прилично внесена во тој филм, продавав природна козметика, рачно изработена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Или во малку веројатниот случај да успеал, дури и откако те однел в кревет, докрај да се прави буч, сите други илузии ти се здробиле – според главниот лик во Приказни од градот од Армистед Мопен (1978) – откако потоа си отишол во тоалет и таму си му ја открил целата козметика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)