кокарда (ж.)
Дури српскиот кмет, протуѓер и полјак носеа кокарди со двеглав орел — грчките со крст.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака, како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Наоколу се мотаат продавачи на значки и на кокарди. Сонце, насмевки, благосостојба, свеченост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)