кока-кола (ж.)
Куќата се исполни со народ. Јас, Саше и Љупчо (пријател на тетка ми Ана), постојано одевме до самопослугата и влечкавме полни торби со пиво, кока-коли, сокови, салами и кашкавали.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Им го претставивме Саше и јас предложив да одиме в слаткарница на по една кока-кола.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На една маса шишиња од и со виски, шише ракија, празни лименки од кока-кола, празни кутии од цигари и кеси од сендвичи.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Мајка ми свари кафе за нив двајцата, а брат ми купи кока-кола.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Зошто во комунизмот собиравме лименки од кока-кола? Искрено, појма немам.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Слегувам од колата и со поздравот мир дита застанам пред раседнатите мажи. На масите шишиња од кока-кола, некои сокови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)